Голема трагедија во Македонија: Мртво бебенце донесено во болница

Вчера во 07 часот и 20 минути во Виница се случила огромна трагедија кога од лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа во селото Истибања, на К.П, во која како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј. починало нивното бебе – новороденче родено на 13.01.2017 година.

Полицијата информира дека екипа од Брза помош констатирала смрт без траги на насилство.

Полицијата информира дека во утринските часови од страна на таткото на починатото бебе, било забележано дека бебето не дава знаци на живот и било помодрено по телото.

По наредба на Јавен Обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција во институтот на судска медицина.

 
 
19.01.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега