ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја скандализира аукцијата на хартии од вредност

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешното соопштение на СДСМ на тема финансии оцени дека опозицијата по секоја цена се обидува да ја скандализира вообичаената аукција на хартии од вредност.

- Тоа го прават во обид да ја манипулираат јавноста, бидејќи само со креирање хаос и сеење магла се научени да функционираат. Да биде иронијата поголема, оваа вообичаена пракса за секоја земја, односно издавањето на државни хартии од вредност е метод воведен од страна на власта на СДСМ во 2004 година. Разликата е во тоа што денес каматата е 2 отсто, а во време на СДСМ таа беше 5,5 пати поголема, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Оттука, како што се наведува, се поставува прашањето за што ги трошеше парите тогаш СДСМ и кој бенефит граѓаните го видоа од толку скапото издавање на државни хартии од вредност.

-  Одговорот е никаков. СДСМ тогаш само ја задолжуваше државата, не градеше нови патишта, нови училишта, болници, детски градинки, не се доделуваа субвенции за земјолделците, не растеа пензиите, социјалната помош и платите, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
24.01.2017 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега