Марија Шерифовиќ преживеа хорор на бензинска

Пејачката Марија Шерифовиќ доживеа страшен хорор пред неколку денови на бензинска пумпа. Крадец и го украл паричникот кога таа точела гориво. 

Се се одиграло во неколку секунди а Марија била шокирана. Имало голема гужва па Марија не го чекала вработениот туку сама си наточила гориво, а тогаш некој излегол од бензинската и го зел паричникот од за грб и побегнал.

Таа влегла во автомобилот и сфатила дека паричникот не и е внатре, а прво мислела дека се работи за скриена камера.

Кога ги погледнала камерите на бензинската имала што да види. Сфатила дека е ограбена.

За среќа барем документите не и биле во паричникот.

 
 
30.01.2017 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега