Крвава драма во Македонија: Маж се застрела со пушка

Вистинска драма се одвивала среде бел ден во 13 часот во атар на селото Крупиште во Карбинци, кога 51-годишниот Д.М. кој бил на лов, вчера при обид да ја симне ловната пушката од рамо, истата испукала и го погодила во десното стапало.

Полицијата информира дека на Д.М. му била укажана медицинска помош во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
30.01.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега