Скопјанка го оставила детето само дома - паднало од седми кат

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 24-годишната Д.И. од Скопје која не се грижела за своето малолетно дете. Скопјанката минатата година во периодот периодот од 10.00 до 10.45 часот во својот дом без надзор и грижа ја оставила својата петгодишна ќерка која станала од креветот и отишла на терасата каде што поставила столче до оградата и се поткачила за да види дали ќе помине нејзината мајка.

 

Полицијата информира дека кога се поткачила на столчето изгубила рамнотежа, се превртела и паднала од седмиот кат на земјена подлога веднаш до зградата, при што се  здобила со тешки телесни повреди.

 
 
02.02.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега