Полицијата демне: Осум лица тешко повредени во Скопје

Осум лица се повредени во пет сообраќајки од вкупно 10 што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 29 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената,  тројца возачи поминале на црвено светло на семафор,  шест возачи го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано, како и седум возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 71 возило.

Денеска со почеток во 21:00 часот во „Метрополис арената“ Ди Џеј Пол Ван Дајк ќе одржи концерт.

Во сабота со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен  натпревар помеѓу Вардар и Метц, Франција. Со цел непречено и безбедно одвивање на овие настани, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. 

 
 
03.02.2017 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега