Петгодишно дете претепано на автобуска во Скопје
Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против седумнаесетгодишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.
На 22.11.2016 година на улицата „Димитрија Чуповски“, на автобуска постојка, пријавениот без повод и причина, со повеќе удари со раце и клоци нападнал петгодишно дете од Скопје, со што кај другите присутни предизвикал чувство на вознемиреност и страв.
03.02.2017 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа