Дел од Преспанскиот регион денеска без струја

 

Дел од Преспанскиот регион денеска е без струја поради оштетување на далноводната траса при локализирање пожар.

Од ЕВН Македонија информираат дека поради пожар во Националниот парк „Галичица“ единицата за противпожарна заштита побарала од нив да ја исклучат струјата на далноводот, што поминува во тој дел. Пожарот е локализиран, но настанале оштетувања на дел од трасата. Екипи на ЕВН Македонија се на терен и се очекува дефектот да биде отстранет во текот на денот.