Во Тетово претепано момче со безбол палка

 

Вчера во 13.30 часот во Полициската станива во Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен повреден во тепачка Ф.М. (20) од село Пирок.

Од извршениот разговор со Ф.М. утврдено е дека истиот бил физички нападнат во спортска обложувалница во село Пирок од страна на седум непознати лица од село Боговиње.

Напаѓачите го удирале со безбол палка, по што паднал во безсознание. Во Клинички центар Тетово му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на опсервација.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
09.02.2017 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега