Жена прегазена на паркинг во Виница

 

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера во 12 часот и 45 минути на паркинг простор во кругот на АД„Алијанс“ во Виница.

Полциијата информира дека несреќата се случила кога 57-годишниот Љ.А. од селото Јакимово-Виница, управувајќи возило „Рено Меган“ удрил во пешак. Била прегазена 62-годишната П.Л. одселото Оризари.

Во незгодата со скршеница на 5-ти пршлен се здобила жената која била пренесена и задржана на лекување во болницата во Кочани.Увид на лице место извршила екипа од полицијата.

 

 

 

 

10.02.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега