Полицијата морала да пука: Тетовчанец како на филм успеа да избега

Вчера во 21 и 20 часот, по претходно добиена информација за 33-годишниот Н.М од Тетово кој се бара за издржување на казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на улица „Киро Ристовски Дрнц“ каде затекнале паркирано моторно возили „Форд Фокус“ без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М.

Кога ги забележал полициските службеници ги заклучил вратите и се префрлил на возачкото седиште, по што го стартувал возилото. Најпрво тргнал наназад, а потоа тргнал нанапред и поминал веднаш покрај службеното моторно возило, како и покрај едниот полициски службеник.

Со цел да го спречи во намерата да побегне едниот од полициските службеници од службениот пиштол испукал три куршуми во воздух , но, и покрај тоа Н.М со возилото успеал да побегне во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.02.2017 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега