Полицијата фати 26- годишен дилер од Тетово

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 26- годишниот Д.Т од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 06.08.2016 година на локалниот пат село Сараќино– Стримница од страна на полициски службеници бил забележан пријавениот и од извршен преглед кај него биле пронајдени две најлонски пакувања со 460,6 грама наркотична дрога “марихуана“.

 

 

 

16.02.2017 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега