Неексплодирана граната пронајдена близу училиште во Дебреше

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна со калибар 75 милиметри, е пронајдена вчера во село Дебреште.

Случајот го пријавил 46-годишниот Р.Ш. во Полициското одделение Ропотово. Рекол дека гранатате е пронајдена при ископ на земјиште за градба на верски објект, наспроти Основното Училиште „Вера Циривири-Трена“.

Полициските службеници го обезбедиле местото и ја известиле екипата од Дирекцијата за заштита и спасување која безбедно ја подигнала гранатата. 

 

 

 

17.02.2017 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега