Обвинителството ги гони поранешните началници на СДСМ за изборни измами

Основното јавно обвинителство презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази против поранешни поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица за изборни измами.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.

Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.

Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.

 

 

 

20.02.2017 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега