И Битола ќе се едуцира за поедноставените царински постапки

Денеска во Битола  ќе се одржи работилница на тема „Поедноставени царински постапки, Е-царина и ТИР-ЕПР“. Работилницата е организирана од Царинската управа на Република Македонија и СИЗ „Македонија сообраќај“-АМЕРИТ.

Настанот е дел од серијата работилници што се одржуваат низ поголемите градови на Република Македонија на теми поврзани со олеснувањето на царинските постапки, активностите за олеснување на работењето на транспортните компании, како и испраќање на електронски пред-декларации. 

ФОТО: Канал 5

најчитано сега