Глутница кучиња задавиле пола стадо кози во тетовско

 

Глутница од повеќе овчарски кучиња и кучиња скитници усмртиле седум кози, а седум повредиле, откако вчера влегле во шталата на Р.А. (27) во атарот на тетовското село Доброште.

Според пријавата на сопственикот, нападот на глутницата се случил вчера меѓу 9 и 11 часот додека тој не бил во шталата.

Во неа имало 16 кози, а поради нападот на глутницата врз козите вкупната штета се проценува на 60.000 денари.

 

 

 

27.02.2017 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега