Ако ги имате овие симптоми можно е да се работи за рак
Според Америкнското здружение за рак, ракот на јајници е рангиран на петто место како причина за смрт од рак помеѓу жените.
Доколку се дијагностицира во рана фаза, третирањето на овој рак може да биде успешно. Еве неколку од првите симптоми на оваа болест.
Во раните знаци на рак на јајници спаѓаат:
- Оток или надуеност на стомакот
- Притисок во карлицата или болки во стомакот
- Потешкотии при јадењето и чувство на ситост после кратко јадење
- Уринарни симптоми, како што е потреба од често и итно мокрење
Помалку вообичаени рани знаци на овој рак вклучуваат: замор, проблеми со варењето, болки во грбот, болки за време на сексуален однос, запек и нередовна менструација.
Сепак, според извештајот од Алијансата за истражување на ракот на јајници, кога се работи за рана дијгноза на овој вид рак, поважни се бројот и зачестеноста на симптомите отколку самите симптоми. На пример, доколку жената има еден или повеќе од гореневедените симптоми 12 пати во месецот треба да се консултира со доктор.
Цисти исполнети со течност исто така може да се јават на јајниците. Иако оваријалните цисти се честа појава кај жените во репродуктивнит период, цистите кај жените во менопауза може да се последица на рак на јајниците. Како рани симптоми на оваријални цисти може да се јават:
- Болки во карлицата
- Болки кратко време пред и по започнување на менструацијата
- Притисок, оток или болки во стомакот
- Тапа болка во долниот дел од грбот и бутините
- Потешкотии при празнењето на бешиката
- Болка за време на секс
- Абнормално крварење
- Гадење и повраќање
Секако, најдобар начин за рано откривање на ракот на јајници е редовен докторски преглед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа