Коалиционите партнери на Заев бараат да се повлече платформата

Коалиционите партнери на Заев бараат да повлече платофрмата на Еди Рама.

„ДОМ предлага да се повлече етничката платформа од преговорите за формирање Влада, во општ интерес, за да се овозможи мирна институционална разрешница на политичката криза. Истовремено апелираме на коректност и воздржаност во изјавите на сите политичари во овој период, зашто ситуацијата е запалива. Ги осудуваме сите изјави кои содржат говор на омраза и понижување кон било која етничка група, народ или држава.

Т.н.-та Платформа на албанските партии по изборите накалеми нова, етничка криза, на веќе постојната политичка криза. И независно кој и каде го напишал текстот, тој е провокација и дел од регионална игра. На предлагачите им послужи за подигање на рејтингот, но реално направи огромна штета за меѓуетничките односи, за граѓанската кохезија и за регионалната стабилност.“ - стои во писменото соопштение од партијата.

 

 

 

09.03.2017 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа