СДСМ и ДУИ го договориле името на новиот Претседател на Собранието

СДСМ и ДУИ се договориле Талат Џафери да биде нов Претседател на Собранието, објавува Дневник повикувајќи се на партиски извори. Според информациите се очекува СДСМ и ДУИ да побараат собраниска седница на која би го избрале новиот претседател и на која би се направил обид да се избере нова влада без мандатот на Претседателот Иванов.
Дневник пишува дека од СДСМ официјално на ја потврдуваат оваа информација туку велат дека преговорите се уште се во тек.
Од друга страна, од ДУИ велат дека оваа работа е веќе завршена.

 

Останува неизвесноста дали ќе се оди на формирање на Влада без мандатот од Иванов особено ако се има предвид дилемата во ДУИ каде се анализира, дали евентуална таква постапка би резултирала со одлука на Уставниот суд за нејзина неуставност.

 

 

 

10.03.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега