Груевски: Доколку СДСМ не ја отфрли платформата никој не може да предвиди како ќе реагираат граѓаните

Ако СДСМ се одлучи за платформата на Еди Рама, никој не може да предвиди како ќе реагираат граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Никола Груевски во интервју за српскиот портал Телеграф потенцира дека не може да се предвиди како ќе се развива ситуацијата

„Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и дека треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Зоран Заев и СДСМ треба сфатат дека народот се противи поради тоа што тие во преговорите ги ставија националните и државните интереси.
Јас се надевам дека раководството на СДСМ ќе ја сфати пораката и ќе го послуша народот. Доколку тие тоа го одбијат, исплашени поради уцените и ако се одлучат за Тиранска влада наместо за отфрлање на платформата, тогаш никој не може да каже како ќе се развива ситуацијата“ – вели Груевски за Телеграф.

Груевски одговарајќи на обвинувањата во дел од медиумите дека стои зад протестите вели дека би му било чест да е така но сепак како што вели, тоа не е точно

 

 

„Се работи за уште една лага на СДСМ кој секогаш имал проблем да сфати дека народот е мудар и дека не можеш да го излажеш. За нив постојат само луѓе кои за пари би ги одработиле протестите, како што се случуваше на т.н. шарена револуција.
Затоа не можат да сфатат и да видат дека имаме автохтон револт на граѓаните. Во Македонија се раѓа една нова светлост на автентично делување на народот соочен со предизвикот на својата генерација и тука не се потребни партии или поединци, затоа што главната идеја водилка е посилна и од партиите и од лидерите. Ова што од ден на ден го гледаме е јасен сигнал дека народот ја отфрла политиката на Заев и се ова што и се случува на Македонија, вели Груевски за Телеграф. 

 

 

 

10.03.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега