6 сјајни совети за едноставен живот
Секојдневно нè мачат работи кои ни задаваат огромни грижи.
Следниве совети ќе ви помогнат подобро да се снаоѓате во ситуации кои повремено ве излудуваат, како оние: „како без мака да вовлечете конец во игла или да исчистите тесна ваза.
1. Ако морате нешто да зашиете, а не сте баш специјалец за вовлекување конец во игл, испрскајте го врвот на конецот со лак за коса. Така ќе го зацврстите крајот на конецот и задачата за секунда ќе биде готова.
2. Ако за време на чистењето користите гумени ракавици, пред да ги извадите ставете ги рацете под млаз ладна вода. Ракавиците ќе ги извадите без никаква мака.
3. Чистењето на тесни, високи вази е комплицирано поради недостаток на простор. Овој проблем е лесно решив. Наточете вода и во неа ставете таблета за чистење забни протези (можете да ги најдете во секоја аптека). Оставете ја мешавината десетина минути во вазата, а потоа само исплакнете.
4. Доколку сакате запалени свеќи, тогаш сте добро запознаени со проблемот отстранување восок од свеќникот. Ставете го свеќникот во замрзнувач 20 минути. Кога ќе го извадите восокот ќе падне самиот од себе.
6. Секогаш е подобро да засадите цвеќе во круг или да се обидете да добиете облик на дијамант. Кога го садите цвеќето по ред ќе му треба многу повеќе време да расцвета и да изгледа полно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа