Направила операција на градите па почнал хорор кој траел 13 години

 
„Имаш гради како маж“, и рекол пред 13 години Дејв на својата сопруга Џејн (48). Таа знаела дека нејзиниот сопруг е љубител на големи гради, но сепак се шокирала.
 
Иако како девојка поради малите гради била несигурна, никогаш не помислила на операција, затоа што се плашела.
 
Зборовите на нејзиниот сопруг биле појаки од стравот. Поради тоа имала пет операции на градите, од кои четири биле вградување на силикони. Операциите ги финансирал нејзиниот сопруг. Го продал автомобилот за да обезбеди пари за хируршките зафати кои чинеле околу 23 000 евра. но секоја една операција била предизвик за следна, однсно секоја наредна операција ги поправала катастрофалните резултати од претходната.
 
Џејн се изборила со неверојатно болни операции, Пред 5 години хирургот направил гоелма грешка при изборот на импланти, што предизвикало голем медиумски скандал. Погрешните силикони биле заменети со нови, но не помалку грешни. Создавале голема болка и тежина, па и тие биле заменети.
 
Со текот на времето нејзините гради премногу се опуштиле, па за шест месеци заминала на операција за подигање на градите. Во текот на тој зафат било утврдено дека сииконите пукнале.
 
Болката која морала даја поднесе, била вистинска агонија. Понекогаш болките биле присутни 24 часа на ден. Се случувало поради градите да не може да ги мрда рацете.
 
Некои хирурзи немале разбирање за нејзините желби. Но когаработите излегле од контрола, ја разбрале нејзината агонија. Тие сакале да и помогнат.
 
Нејзините гради денес по серија операции изгледаат вака. Лузните се последица. Џејн сега се кае поради операциите и често избегнува да се погледне во огледало.
 
- Операциите на градите ми го уништија животот, посакувам тие никогаш да не се случеа, - изјавила Џејн.
 
Таа истакнала дека тоа го направила поради сопругот, но не го обвинува него. Напоменува дека без негова поддршка не би издржала, како и дека неговиот став денес се променил, повеќе не е љубител на големи гради.
Ја прифатил Џејн таква каква што е, А таа им порачува на сите жени никако да не ја повторат нејзината грешка.
 

 

 

10.03.2017 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега