На погребот на Џорџ Мајкл нема место за неговиот партнер
43-годишниот Фадил Фауаз, кој се уште е во жалост, не ја крие тагата. Партнерот на Џорџ Мајкл признава пред „Сан" дека ништо не знае за погребот на поранешниот пријател.
Причина е семејството на пејачот што го организира погребот и „молчи“ по тој повод. Инаку, токму Фадил го пронајде телото на 53-годишниот пејач на 25 декември во неговиот стан во Оксфордшир.
- Погребот? Не можам да ви одговорам, се чуваат во тајност, открива тој пред медиумите.
- Не можам да ви кажам. Одамна требаше да се случи. Долго време одолговлекуваат. Бев целосно збунет. Но, навистина ништо не знам во однос на погребот. Верувај ми. Навистина е чудно , додаде поранешниот партнер на Џорџ Мајкл.
По смртта на Џорџ Мајкл, Фадил Фауаз првично беше осомничен за смртта на пејачот, но по излегувањето на резултатите од аутопсијата, разбиени се сите сомневања против партнерот на ѕвездат
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа