Видео: Родена без раце, свири и пее- Присутните во солзи
Светски талент, прекрасен глас, животна желба и радост. Девојче, кое покрај толку тешкотии, успеала да го негува и да работи на својот талент.
Оваа 14- годишна девојка го воодушеви румунското жири од шоуто за таленти „Суперталент“, покажувајќи неверојатен музички талент со кој го освои жирито и публиката.
Лорелаи е родена без раце, а родителите ја напуштиле додека била бебе од два месеци. Дом ѝ пружил госпоѓа која го открила нејзиниот талент. Присутните едвај се воздржувале од солзи.
Неверојатно, но таа пее и свири на клавир со прстите на нозете.
Оваа импресивна девојка напишала 4 книги.
Погледнете го нејзиниот настап:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа