4- годишно девојче препешачило 8 километри- Причината е неверојатна

 

Малото, 4- годишно девојче од Сибир, препешачило 8 километри низ замрзната патека, околу која демнат волци и мечки, за да го спаси животот на својата баба.

Девојчето Саглана, кое пораснало со болната баба и слепиот дедо, практично било отсечено од светот, па одлучило да оди по лекарска помош кога едно утро видело дека нејзината баба не се помрднува. Самото се упатило низ опасната шума кон најблискиот град, оддалечен 8 километри, на -34 степени Целзиусови.

До одредиштето стигнало за неколку часа, но за жал, лекарите не успеале да ја спасат нејзината баба, која веќе починала

Девојчето е прогласено за локален херој, а полициските служби испитуваат што е со нејзината мајка, која е осомничена за занемарување на дете.

 

 

 

14.03.2017 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега