Вкупно 129.653 вработени во јавниот сектор во Македонија

Вкупно во јавниот сектор има 129.653 вработени, соопшти денеска министерката за инфомартичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, на денешната прес конференција на која презентираше податоци од Годишниот извештај за Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2016 година.  

Лани растел бројот на вработени во образованието, здравството, министерствата за внатрешни работи и за одбрана, како и во Специјалното јавно обвинителство.

По Охридскиот рамковен договор се вработени околу 20 отсто лица. Во државната администрација, пак, се намалил бројот на вработени. Таму, според старосната структура, просекот на вработените е 45,3 години.  

Овие бројки се од Годишниот извештај за 2016 на МИОА, кој е втор по ред.

 

 

 

16.03.2017 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега