Со 2,76 промили алкохол руинирал охридска пекара и ги преплашил гостите - вистински хаос во „Феникс“

Ноќеска околу 02 часот, дошло до хаос во пекарата „Феникс“ лоцирана на улицата „7 Ноември“  во Охрид.

Според информациите од МВР, 38 годишниот Љ.С. дошол во алкохолизирана состојба во пекарата и вербално ги нападнал присутните, а потоа им се заканувал и со нож, скршил една витрина и физички го нападнал сопственикот на пекарата 42 годишниот Љ.С.

Љ.С. е приведен во охридската полициска станица, каде му биле утврдени 2,76 промили алкохол во крвта. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање  на случајот. 

најчитано сега