Преминот на летното сметање на времето не влијае врз луѓето

Преминот од зимско на летното сметање на времето не влијае многу врз луѓето и нивниот организам, за разлика од, на пример, патување на растојание од пет часовни зони, вели професорот од Софискиот универзитет, Христо Пимпирев за БТА.

Часовниците в недела на 26 март ќе се поместат за еден час нанапред од 2:00 на 3.00 часот, со што почнува летното сметање на времето.

Според професорот, таа пракса во Европа е востановена во 1916 година со основна цел – заштеда на електрична енергија, но и поголемо искористување на дневната светлина. Подоцна, тој принцип се пренел и во САД, Канада и во повеќе земји во Азија.

Сепак, Пимпирев изразува сомнеж дали денес, во време на разни технологии, навистина на се штеди електрична енергија со поместување на стрелките на часовникот.

– Поради тоа, некои научници ја сметаат оваа пракса за веќе непотребна. Но, за тоа решаваат светските сили – Европската Унија, вели тој.

 

 

 

23.03.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега