Во два часот на полноќ стрелки еден час напред - летно сметање на времето
В недела, 30-ти март, ќе започне летното сметање на времето. Стрелките во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот, а граѓаните ќе спијат еден час помалку.
Летното сметање на времето е конвенција преку која што се поместуваат часовниците така што ќе има повеќе дневна светлина,а за сметка на тоа утрата ќе бидат пократки. Овој систем е предложен во 1905-та година од страна на Вилијам Вилет, а прв пат беше широко применет во 1916-та година, како военовременска мерка насочена за заштеда на јагленот.
Денес во Европа е прифатена конвенција летното сметање на времето започнува во последната недела од март, а завршува во последната недела на окотмври. Во САД летното сметање на времето започнува во втората недела од март, а завршува во првата недела на ноември.
Летното сметање на времето генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Исто така, се заштедува електрична енергија, а според некои пресметки се заштедува и потрошувачката на нафта.
Од друга страна, поместувањето на часовниците го компликува одржување на саатницата, а може да направи проблеми и при одржување на закажани состаноци, возни редови, медицински уреди, наплата на различни услуги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа