Подгответе се за нов температурен шок: Викендов доаѓа студено време и носи снег

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места со умерен интензитет, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Кон крајот на денот поради спуштање на значително постудена воздушна маса од североисток, ветерот ќе го промени правецот во северен, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе се формира и нова снежна покривка. Температурите позначително ќе опаднат и ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.

Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури (во средината на неделата од -2 до 4 степени), а дневните ќе бидат во постепен пораст.

 

 

 

 

 

24.03.2017 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега