ФОТО: Охридските средношколци повторно масовно низ улиците на градот ја дадоа поддршката ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Охридските средношколците повторно излегоа на улиците да изразат поддршка за граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.

Денеска учениците од Охрид, со развеани македонски знамиња, решија порано да ги напуштат часовите, за да испратат порака дека се против разнебитување и за задржување на унитарноста на државата.

17475355_1518013011542709_58200022_o

Студенти и средношколци и од многу други градови секојдневно излегуваат на улиците за да кажат „НЕ“ за двојазична Македонија и дебати кои се вовед во промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија.

За денеска низ 43 градови во целата држава се закажани повторно масовни протести за отфрлање на Тиранската платформа.

 

 

 

24.03.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега