Царина: Ниту еден контејнер опасен отпад од Италија не стигнал во Македонија

Ниту еден контејнер со опасен отпад не е извезен од Италија и ниту една содржана тарифна ознака не се однесува на отпад, за кој при увоз, извоз и транзит постои посебен режим, информира денеска Царинската управа на Република Македонија.

Од Царината потсетуваат дека согласно Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување и Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад, Министертвото за животна средина и просторно планирање задолжително издава дозволи за увоз, извоз или транзит на отпадни материи.

Стоките кои се увезени во Македонија, како што се наведува, се замрзнато пилешко месо, банани, моторцикли, детски играчки, износена облека, ќебиња, јакни работни синтетички, регистратори, сардини во масло, оксиди на бакар и овча кожа.

– Царинската управа на Република Македонија на дневна основа во реално време преку систем SEED разменува податоци со Царинската управа на Република Албанија при што се врши спарување на податоците за она што излегува од едната, а влегува во другата земја, на кој начин се обезбедува совпаѓање на податоците, односно се превенира шверц, недозволена трговија и корупција, се вели во соопштението од Царинската управа, а во врска со пишувањата во некои медиуми за наводен опасен отпад кој од Италија влегол во Албанија и требало да помине на граничниот премин Ќафасан.

 

 

 

24.03.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега