Туск идната недела во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, идната недела ќе ја посети Република Македонија, дознаваме од дипломатски извори од Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, повод за посетата на првиот човек на Евросоветот е мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и политичката состојба во македонската држава.

Посетата на Туск на Македонија ќе се случи во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, а како последица на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција и заканите за раскин на договорот за мигрантите. Имено, најавите  од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа и пред се за балканските држави, што е причина за аларм во Европската Унија.

Инаку, ова ќе биде трета посета за две години на Доналд Туск на Република Македонија, а како и на претходните две гостувања, и овојпат домаќин на Туск во Скопје ќе биде македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

На последната средба во март 2016 година, Туск и Иванов дискутираа за постигнување на заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија, децидно укажувајќи  дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. Македонскиот претседател тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност, што за цело време и го прави

 

 

 

29.03.2017 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега