Притвор за малолетникот кој застрела седмооделенец во Тетово

Вчера во попладневните часови, во дворот на Основното училиште „Фан Ноли” во с. Палатица – Општина Желино ученик во седмо одделение се здобил со прострелна рана и е во животна опасност.

Настанот се случил кога 17 годишник од Скопје со пријавен престој во с. Палатица истрелал куршум кон седмоодделенецот. Детето поради сериозноста на повредите е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, врз него е извршен оперативен зафат и се наоѓа во животна опасност.

Во соработка со Центарот за социјални работи од Тетово, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово до Судија за деца при Основниот суд во Тетово достави предлог мерки за обезбедување на сторителот на кривичното дело – Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство – Тетово ги презема сите неопходни мерки и активности за расветлување на случајот.​

 

 

 

05.04.2017 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега