Ја нарачал песната „Ја излези Ѓурѓо“ па му удрил бокс - пратеник на СДСМ тврди дека бил нападнат во кафеана

Пратеник на СДСМ тврди дека вчера бил нападнат во кафеана во Куманово. Според информациите кои пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски им ги дал на медиумите кои се блиски до СДСМ, бил нападнат од 8 лица за кои тој тврди дека биле полициски службеници во цивил додека го прославувал роденденот на својата сопруга во ресторанот Палас во Куманово.
„Се обидов да се повлечам, да не возвраќам на провокациите, но морав да се бранам и себеси, а да ја бранам и мојата сопруга, чиј роденден славевме. Напаѓачите не ги познавам. Подоцна полицајците ми рекоа дека вооружените лица биле полицајци во цивилки. Беа безобразни и насилни, го спомнуваа ВМРО и можеше да настане голема беља. – Очигледно, целта им е да се пресметаат со мене и мислам дека нема да запрат. Страхувам дека полицијата ќе ги земе во заштита и дека ќе измислат приказна дека се степале две групи во кафеана. Ова е страшно – револтирано вели Димитриевски“ – раскажал пратеникот Максим Димитриевски за ПлусИнфо.

Присутни во кафеаната пак раскажуваат сосема друга приказна. 

„Беа поголемо друштво околу седум-осум луѓе во ресторанот Палас. Ја порачааа песната „Ја излези Ѓурѓо“. Максим сам им дојде на масата и прегрна еден од нив заедно да играат. Овој му рекол да не го прегрнува и да се тргне од масата, бидејќи не сакал да го гледаат со него. Максим си замина на својата маса. Подоцна синот на овој што го прегрнуваше Максим отишол на кај тоалетот и тогаш Максим станал и му удрил два бокса при што дечкото паднал со повреди, а Максим избегал“ - вели гостин во кафеаната.

Од МВР нема официјална потврда на ниту една од двете верзии. Од полицијата само потврдуваат дека вработен во ресторанот Палас во Куманово околу 1:30 часот утрово во полиција пријавил нарушување на јавниот ред и мир. Од МВР велат дека се уште работат на случајот по што ќе излезат со конкретни детали по кои ќе се знае како дошло до инцидентот и дали пратеникот бил нападнат или пак се случило нешто друго.

 

 

 

 

 

06.04.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега