Скопјани отишле во кафеана за Велигден - преживеале хорор

Во 21 часот и 30 минути во Скопско поле-Скопје, во угостителски објект, три непознати лица со безбол палки физички ги нападнале сопственикот Н.З. и повеќе гости кои седеле во објектот.  Напаѓачите ги удирале лицата во пределот на главите и телата, при што со повреди се здобиле 33-годишниот Ш.М. 38-годишниот Н.Б. и 23-годишниот К.М. сите од селото Трубарево, како и 34-годишниот Р.В.од Кавадарци и 29-годишниот А.Ј. од Скопје.

Никој од повредените досега не побарал лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

18.04.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега