СДСМ: Ја осудуваме изјавата на градоначалникот Лата

 

СДСМ преку пишано соопштение до медиумите соопштува дека ја осудува изјавата на градоначалникот на Дебар Ружди Лата, што, според нив, оди во прилог на поттикнувачите на поделби и нетрпеливост.

- Ја осудуваме провокативната реторика во изјавата на градоначалникот на општина Дебар Ружди Лата, која не е во духот на заедништвото, интеграцијата и меѓусебното почитување на граѓаните. Избраните и именуваните функционери мора да бидат свесни за одговорноста што ја имаат пред Уставот, законите и граѓаните на Република Македонија. И Лата, како и сите други носители на државни функции мора да работат единствено во интерес на граѓаните и секоја изјава, секој искажан збор и секое направено дело мора да биде исклучиво во интерес на граѓаните, што не е случај со последната изјава на Лата, се вели во соопштението од СДСМ.

Ваквите јавни настапи, се додава, одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности и демократските стандарди за коишто се заложуваме.

 

 

 

23.04.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа