ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува свесно Македонија да ја турка кон федерализација

Летање со дронови со знамиња од мапата на голема Албанија е дел од Тиранската Платформа. Творците на платформата се надеваат дека на тој начин ќе му порачаат на македонскиот народ што го очекува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следуива интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од реализаторите на Тиранската Платформа е и Зоран Заев. Затоа криминалецот и предавник Заев, навива против Македонија со балистите и нема храброст да ги осуди инцидентите насочени против македонскиот идентитет и суверенитет.

По симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, вчера на фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Шкупи во скопски Чаир се развиори знамето на голема Албанија.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев упорно продолжува да ги брани антимакедонските изјави на Зијадин Села, Еди Рама, Хашим Тачи, Дитмир Бушати и Месила Дода.

Овој човек продолжува свесно Македонија да ја турка кон федерализација.

Заев со своите помошници од криминогениот СДС со цел да се спасат од криминалите прифаќаат: двојазичност, промена на знаме, химна и грб, промена на името по грчки терк и федерализација на државата.

Тие на коцка ги ставија националните и државните интереси на Република Македонија само да си ја спасат кожата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогениот СДС се главен поттикнувач на „Големо Албанските“ апетити во Македонија и во регионот.

Македонскиот народ одамна ги прочита криминалците од СДС и секој ден излегува и им порачува дека местото им е во затвор. Македонија нема да стане бинационална држава само за да се спаси СДС од затвор.

Македонија ќе остане унитарна и мултиетничка држава.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди!

 

 

 

24.04.2017 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа