Сообраќајна несреќа во Штип- едниот возач без дозвола другиот под дејство на алкохол

Вчера во 23 часот и 30 минути во Штип, на крстосницата од улица „Васил Главинов“ и улица „В.П.Јорданова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од 19- годишен Љ.Т. од Штип, кој го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило,  и  возило марка „Шевролет Калос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 23- годишен Т.Ф. од Штип.

Во незгодата, сопатничката од возилото „Шевролет Калос“, Л.А.(20) од Штип, се здобила со тешки телесни повреди, која по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Штип е пуштена на домашно лекување, додека возачот од возило „Мерцедес“ се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Над возачите било извршено алкотестирање при што кај возачот на ПМВ „Шевролет Калос“ утврдено било присуство на алкохол од 1,72%о.

 

 

 

02.05.2017 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега