Куршуми, чаури петарди и проектил пронајдени во домот на битолчанец

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против 54-годишниот М.Ж. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

На 15.11.2016 година во Битола, од страна на полициски службеници извршен бил претрес во домот на пријавениот, каде биле пронајдени и одземени 32 куршуми, чаура, проектил и 58 петарди различна марка и големина.

 

 

 

02.05.2017 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега