„За заедничка Македонија“ до Иванов: Суверенитетот се црпи од народот, а не од дипломати и амбасадори

 

Тука сме денеска за Претседателот да знае дека ќе продолжиме да доаѓаме колку и да треба, порача на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје Богдан Илиевски, член на иницијатива, потсетувајќи дека ова е веќе 65. ден како народот протестира низ ширум државата.

Тој вели дека се што треба Претседателот Ѓорге Иванов да направи е да остане верен на заклетвата која ја положи кога стапуваше на функцијата.

-Да го чува суверенитетот на оваа држава и да не потпаѓа под никакви притисоци без оглед од каде доаѓаат, суверенитетот се црпи од народот, а не од дипломати и амбасадори, истакна Илиевски.

Воедно, тој му го честиташе роденден на Иванов.

-Нека му се множат годините и нека му е цврста кичмата и високо дигнато челото, му порача Илиевски во честитката на Иванов.

 

 

 

 

02.05.2017 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега