ВИДЕО: Станете браќа станете, ечеше пред Собранието
„Станете браќа станете“ ечеше пред Собранието на РМ. Пејачот Никола Костадиновски со песна ги поздрави граѓаните кои во огромен број и денеска дадоа поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
-40 дена сум најмалце овде со вас, рече Костадиновски и наместо говор преку неговата песна испрати моќна порака.
„Црно му било пишано- такви ни беа песните, живи ни беа раните, тежеа многу векови франгите по занданите. Црна ни беше судбата, толку ли бевме колнати, да сме на веков парчени, колнати та проколнети.
Станете браќа станете, станете да наздравиме, доста ни беа делбите, време е крај да ставиме.
Станете браќа станете, душа да развеселиме, ај што не други делеа, сами да не се делиме.
Чрна се чума зададе.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа