Цуцуловски до Жбогар: Како граѓаните на Словенија ќе се бранат ако некој повторно им ја доведе во прашање независноста на нивната држава
Господинот Жбогар не мора да каже што мисли, но нека во себе, барем молчешкум, помисли како тој и граѓаните на Словенија ќе се однесуваат и како ќе се бранат, ако некој повторно се обиди да им ја доведе во прашање независноста и природата на нивната држава, пишува професорот Љубомир Цуцуловски во неговото отворено писмо до Самуел Жбогар објавено на Фејсбук.
Денес господинот Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Република Македонија, бил во посета на „новоизбраниот“ „претседател“ на Собранието на Република Македонија. Не знам дали господинот Жбогар се сеќава на 1991 година, кога неговата држава, заедно со неговиот народ се бореа против остварувањето на идејата за Голема Албанија. Се извинувам, почитувани читатели, сакав да кажам против остварувањето на Голема Србија, позната и како Србославија. Не верувам дека не се сеќава. Сепак, ќе го потсетам на кој начин и како сè се бореа против таа налудничава идеја, како што е налудничава и идејата за албанизација на целиов регион, односно на оставрувањето на идејата за Голема Албанија, која станува сè поизвесна после конструирањето на државата Република Косово, а сега, во Република Македонија, преку Платформата за која и тој, како и неговите колеги од ЕУ, се однесуват како да не постои. Господинот Жбогар не мора да каже што мисли, но нека во себе, барем молчешкум, помисли како тој и граѓаните на Словенија ќе се однсуваат и како ќе се бранат, ако некој повторно се обиди да им ја доведе во прашање независноста и природата на нивната држава.
И, уште едно потсетување, упатено до Самуел Жбогар. Во 1936 година, генералот на фашистичката фаланга Хозе Милијан Астрај, на најгруб начин упаднал во кабинетот на суптилниот шпански филозоф Мигел де Унамуно, во тоа време ректор на Универзитетот во Саламанка, извикувајќи: „Да живее смртта!“ На овој некрофилен извик на фашистичкиот генерал, претставник на Франковата фаланга, Унамуно одговорил: „Вие ќе победите, затоа што имате брутална сила повеќе отколку што е потребно. Но, вие нема да убидите, бидејќи за да убедите треба да уверите. За да уверите, ќе ви треба она што го немате – разум.“, се вели во писмото на Цуцуловски кон Жбогар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа