Денес се слави името на Свети Марко – заштитник на ѕидарите
Свет апостол и евангелист Марко — христијански апостол и светец, бил сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух.
Во античката Црква евангелистот Марко е многу почитуван. Во подоцнежни документи тој е претставен како ученик на св. Иван Крстител и на Исус и му препишуваат мисиско делување во Антиохија, Цезареа, Кипар и Либија.
Пренесувањето на моштите од Александрија до Венеција во 9 век е обележано со бројни чуда, откако настанала конкуренција помеѓу Нова Аквилеја и Градо. Моштите биле сместени во капела на чие место подоцна помеѓу 1063-1073 год. била изградена денешната катедрала во Венеција сан Марко. Според една легенда при изградбата на катедралата некој мајстор – ѕидар додека паѓал од ѕидот молејќи молитва до св. Марко останал неповреден.
Затоа св. Марко станал заштитник на ѕидарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа