Дванаесет случаи со туларемија регистрирани во Македонија- ова се симптомите
12 случаи на туларемија се регистрирани годинава во Македонија. Најголем дел се од Арачиново и Грушино, а двајца заразени има и од Кумановско. Сите се на различна возраст и успешно се лекувани на Инфективната клиника. Епидемиолозите ги презеле сите потребни мерки за дезинфекција и дератизација во овие региони за да спречат ширење на заразата.
Ова е втор поголем број на заболени, по епидемијата во 2015 година кога беа регистрирани 25 лица лица со туларемија. Главни преносители на бактеријата се глувците, зајаците и крлежите, но може да се пренесе и преку контаминирана вода и прашина.Болеста почнува со симптоми слични на грип - покачена температура, треска, потење, малаксаност. Карактеристично за туларемијата е појавата на оток на лимфните жлезди.
Според лекарите ова сериозно инфективно заболување трае од 2 до 4 недели. Успешно се лекува со антибиотици. Епидемиолозите советуваат, најдобра превентивна мерка е заштита од глодари и инсекти, одржување на лична хигиена и да се внимава на храната која се консумира. Во последните триесетина години во Македонија туларемија била евидентирана само три пати.
Извор Сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа