Денес облаци и студено а од утре нови изненадувања ни носи времето

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието со повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот, особено сабота.

Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.

 

 

 

10.05.2017 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега