Протест во Охрид на поддржувачи на „За заедничка Македонија“
Граѓани на Охрид и денеска во рамки на иницијативата „За заедничка Македонија“ протестираа против тиранската платформа и илегалниот избор на претседател на Собранието на Република Македонија.
- Ние не отстапуваме од нашите барања - укинување од тиранската платформа, како и изразувањето револт поради илегалниот избор на т.н. претседател на Собранието Талат Џафери. Тој воопшто не е претседател на Собранието затоа што е изгласан спротивно на уставнит, законските процедури и деловникот, порача во име на учесниците Јован Чорбески.
Собирот почна на плоштадот кај охридската гимназија, а продолжи со марш низ улиците на централното градско подрачје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа