Пукање во Велес

Во текот на вчерашниот ден во 10 часот во Велес на улицата „Гоце Делчев“, од дворното место од семејната куќа на 48-годишниот З.Т. се слушнале неколку истрели од огнено оружје.

Полицијата информира дека по пријавата полицајците го затекнале З.Т. кој со себе имал ловечка пушка и куршуми околу телото. Во дворот од куќата биле пронајдени и подигнати осум чаури за вештачење.

З.Т. е лишен од слобода, а оружјето и муницијата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени.

За среќа во настанот нема повредени лица.

Увид на местото ан настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. 

 

 

 

12.05.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега