Груевски: Процесот на гасификација тече одлично

 

Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што предвидовме. Откако се заврши една гасоводна линија меѓу Кумановско и Штип, сега, во моментов, се градат три гасоводи во Македонија: меѓу Штип и Неготино, Неготино – Кавадарци – Прилеп- Битола, како и меѓу Скопје- Тетово- Гостивар, сите во вредност од над 80 милиони евра, а во должина од околу 200 километри. Тоа е огромна инвестиција која ќе биде од голема полза за граѓаните и компаниите.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по промоцијата на 14 нови врвни дела од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Ангалија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Работите, нагласи Груевски, се одвиват во полн ек, напредокот е сериозен, во зрела, длабока фаза на градба, на инсталирање на гасоводите.

На среднорочен план, како што најави, е предвидено продолжување на овие краци.

Објавен е и тендерот за секундарна гасификација, односно за барање концесионер кој ќе ја направи секундарната гасификација. Има интерес од повеќе фирми и се очекува концесионерот да биде избран годинава.

– Има интерес од повеќе фирми и очекувам годинава да биде избран еден концесионер кој во наредните две години ќе ја изгради секундарната гасоводна мрежа, напомена Груевски.

 

 

 

15.05.2017 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега