Доделувањето на мандатот топ тема во грчките медиуми - еве што напишаа

Електронските изданија на речиси сите грчки медиуми во изминатиот час ја пренесоа информацијата дека претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов му даде мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира влада.

Информацијата засега е без коментари, освен „Катимерини“ кој во најавата за средбата Иванов - Заев напиша дека „ова најверојатно ќе значи намалување на кризата која ја погоди земјата во последните месеци“.

Грчката државна телевизија ЕРТ потсетува дека партијата на Заев заедно со три албански артии има мнозинство во Парламентот по парламентарните избори во декември минатата година. Во текстот исто така се наведува дека лидерот на СДСМ „од сега на располагање има 20 дена да формира влада, иако се очекува дека нема да го искористи целиот период, затоа што се чини дека во голема мера владиниот состав е договорен со албанските партии кои ќе се преземат важни портфолија во новата влада на земјата“.

Коалицијата на СДСМ со три албански партии (ДУИ на Али Ахмети, Беса на Билал Касами и Алијансата за Албанците на Зијадин Села) има 67 пратеници од вкупно 120 места во Парламентот, потсетува ЕРТ.

 

 

 

17.05.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега